Земете здив: На падините на Средно Водно - црква “Рождество на Пресвета Богородица”(видео)

Рождество на Пресвета Богородица е православна црква сместена на падините на Водно на месното на историското село Горно Водно.Таа е возобновена врз темелите на стара повеќевековна црква со колективно ктиторство на сите поранешни жители на разуранатото село.

На црквата Св. Богородица и претходи долга историја која започнала некаде во XIII век, во пишуваните извори спомнувана како Св. Богородица Елеуса и Св. Богородица Водњанска, а во втората половина на XVI век црквата запустела. Од 1847 до1870 година е обновена еднобродната, засводена црква посветена на празникот Раѓање на Св. Богородица.

Црквата и селото Горно Водно се разурнати во 1955 година. Камен-темелникот на новата црква Рождество на Св. Богородица е осветен на 6 октомври 1996 година.