Зелениково првпат добива педијатар

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети амбулантата во општина Зелениково, во која еднаш неделно е ангажиран специјалист педијатар од Детската болница во Козле, со што за првпат во оваа општина се обезбедуваат педијатриски здравствени услуги.

Министерот Тодоров истакна дека оваа мерка е воведена на барање на граѓаните од општината, кои досега за овие здравствени услуги патувале повеќе километри до најблиската поликлиника во Драчево. Бенефит ќе имаат околу 600 деца, според податоците од општината.

Општината Зелениково е опфатена и со проектот Подвижни аптеки и со најновиот повик за доделување лиценци, доделена е лиценца со која поголем број населени места од овој реон ќе ги добиваат и потребните лекови во своето место на живеење. Министерот Тодоров нагласи дека станува збор за силна јавноздравствена придобивка која овозможува приближување на здравствените услуги до граѓаните.

cheap nike free run 5.0