Зеленчук кој е богат со протеини

На нашето тело му се потребни протеини за да може нормално да ги извршува функциите поврзани со градење на мускулите, лачење на хормоните и менталните функции.

Photo by Rachael Gorjestani on Unsplash

Протеините се важни за секој од нас, а доколку се храниме здраво, тогаш нивното внесување е едноставно. Кога зборуваме за храна богата со протеини, месото е прво нешто што ни доаѓа на ум. Но, протеините можат да се најдат и во зеленчукот.

Леќа

Леќата е богата со протеини и хранливи состојки. Таа содржи фолна киселина, магнезиум, железо и калиум. Само една шолја леќа во себе има 17.9 грама протеин, што е 30% повеќе од протеинот во 2 јајца. 

Грав

Гравот е исто така богат со протеини. Тој е и одличен извор на фолна киселина, витамин кој е особено важен за време на бременоста и игра голема улога во развојот на фетусот. Само една шолја грав содржи 58% од дневната потреба за фолна киселина.

Грашок

Грашокот е зеленчук кој ретко го консумираме, но тој е многу богат со протеини. Само 1 шолја грашок содржи 20% од дневната потреба за витамините А, Ц и К, како и фолна киселина и тиамин. 

Аспарагус

Овој пролетен зеленчук е богат со витамини, како и антиоксиданси кои се одличен извор на витамините А, Ц, К и фолна киселина.