Зелената линија на градот: Електроавтобусите ќе сообраќаат на трасата за трамвај

Електричните автобуси кои ќе бидат купени следната година, ќе сообраќаат на трасата каде што требаше да се гради линијата за трамвај, најави вчера градоначалникот на Град Скопје Kоце Трајановски на првиот ден од манифестацијата.

-Електричните автобуси ќе значат многу за градот Скопје, прво од еколошки аспект тие се многу значајни, практично тоа ќе биде зелената линија на градот. Набавката на овие електрични автомобили ќе бидат десет пати поевтини, него кога би правеле транвај за истата должина и истиот капацитет на пренос на луѓе со тоа што дополнително нема да бидат раскопувани улиците и  ќе се движиме во трендот како што се движи светот, потенцираше Трајановски.

Денови на енергетската ефикасност 2016, која се одржува до 4 ноември. Во главниот град следната година со пари од кредит ќе бидат набавени вкупно 50 електроавтобуси, од кои 20 ќе бидат зглобни, а 30 минибуси.