Зелена салата со грашок

Ако е грашок, не мора да е манџа. 

Состојки:

200 гр грашок
Мешана зелена салата (зелка, рукола, спанаќ...)
Еден варен компир
Два моркова
Неколку шери домати
Малку праз
Сенф, балсамико, маслиново масло

Подготовка:

Зелената салата добро измијте ја и подгответе ја како основа. Грашокот прво сварете го, без разлика дали користите свеж или смрзнат. Ако користите од конзерва, не го гответе дополнително. 

Компирот исецкајте го на коцки. Морковот изрендајте го. Празот можете да го исецкате на тенки кругови. 

Измешајте ги сите состојки, па прелијте со дресинг направен од сенф, балсамико и маслиново масло. Зачинтете по желба и најгоре ставете ги шери доматите исечени на половинки. 

Ако сакате покалорична варијанта, може да употребите и прелив со јогурт или пак да ставите мала конзерва туна или пилешко месо исецкано на крупни парчиња.