„Зелен Карпош само ако зградите се офарбаат зелени“, реагираат граѓаните

Уште не се знае дали ќе никне 28-катница кај Букурешт во скопски Карпош. Иако советниците ја изгласаа одлуката против, се уште не се знае дали сигурно карпошани ќе се спасат од урбанизмот на големо.

Утре следи јавна расправа за друг ДУП во општината. Граѓаните стравуваат дека доколку се гради без усул во реалноста, како што велат, ќе бидат сведоци на пренатрупани улици, нервозни возачи и дополнително загадување.

ДУПот кој ќе се разгледува предвидува монтажни платформи за паркинг.

Граѓаните реагираат дека тоа не е соодветно решение! Еве што велат карпошани:

-Делот околу белите кули, монтажна платформа за паркинг. Со оглед на новите згради кои се градат, се сомневаме дека ќе биде доволно за нормално паркирање.

-Да бе... прави згради на секое ќоше, па после ,,пикај" монтажни паркинзи! Зеленило и паркови не треба, немаш ќар од тие! „Зелен Карпош само ако зградите се офарбаат зелени“

- Абе, ,,држава" е ова...! Во плановите за градба кои ги одобрува општината стои нацртан одреден број паркинг места и гаражи, а во реалноста половина од тие места недостигаат.