Зеќири останува во притвор

Мухамед Зеќири, поранешен владин Генерален секретар останува во притвор откако скопска Апелација го потврди првостепеното решение за притвор, потврдуваат од Апелациониот суд.

Гаранцијата која ја понудил Зеќири воопшто не била разгледувана, бидејќи покрај опасноста за бегство, притворот му е одреден и поради опасност да ја попречи истрагата.

Тој пред неколку дена на јавната седница истакна дека нема да бега, и дека ако сакал да го стори тоа на располагање имал повеќе од една година.

Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

Дента кога му беше одреден притвор, Зеќири даде оставка и од позицијата генерален секретар на Владата.