Здружението „НаТочак“ побара повлекување на регулациски план во Влае 2

Неформалното вело-здружение НаТочак поднесе документ со барање за повлекување на моменталниот регулациски план за улица која ги поврзува Партизански одреди и Васил Чакаларов. Во својата иницијатива тие нудат алтернативно решение како на овој потег може да се спроведе велосипедска патека, која ќе го олесни сообраќајот, но тоа не е внесено во планот за Градска четврт СЗ 19 - Влае 2.

„Остро реагираме во однос на регулацискиот план за Градска четврт СЗ 19 - Влае 2 кој треба да се разгледува и донесе на денешната седница (23.02.2021 г.) на Советот на Град Скопје и Ве замолуваме да сторите сè што е во моќ да го спречите неговото донесување и да го вратите на доработка“, наведуваат НаТочак во својата реакција. 

„Сегментот за кој реагираме бил тема на наши нацрти за велосипедската мрежа на Град Скопје кои за жал не се доработени и споделени со јавноста и овој план нè најде затекнати и шокирани. Поради ова, би сакале да ги добиваме навремено следните регулациски планови на кои работи Градот за заеднички да ги извлечеме потенцијалите за квалитетно живеење“, додаваат од здружението. 

Целосното образложение на НаТочак можете да го прочитате тука

Неформалното здружение веќе неколку години активно се залага за подобро вело-Скопје.