Здружението на граѓани „РАСТ“: Обезбедени финансии за лекување на дополнителни 19 деца со хормони за раст

Здружението на граѓани РАСТ денеска оствариле средба со директoрот на Уневерзитетската детска клиника д-р Реџеп Мемеди и со советникот на премиерот д-р Игор Николов. На средбата, информираат од здружението, биле информирани дека обезбедени се финансии и ќе се лекуваат дополнителни 19 деца или вкупно 168 деца со хормон за раст.

„Изминатите години бевме сведоци дека бројката на лекувани деца беше помала, а листата на чекање поголема. Здружението РАСТ ќе продолжи со својата работа заедно со здравствените власти да се обезбеди терапија за секое дете кое има потреба од лекување со хормонот за раст“, истакнуваат од РАСТ.