Здружението „Наши поднесе 5 кривични пријави за повеќе од 20 лица вработени во центрите за социјална работа. Го повикаа Јавното обвинителство да ги истражи случаите и да покрене соодветни постапки.
Ова здружение е формирано со цел да се донесе ново законско решение кое ќе овозможи родителството врз децата да се подели на принципот 50:50. Тие посочија дека ова е добро за децата и за нивната психа зошто поздраво е да се гледаат со двајцата родители кои од различни причини се разделени.
„Луѓето во центрите за социјална работа сакаат да кажат- немаме надлежности. А, во друга рака си земаат. Тие се и суд, значи примаат докази, кажуваат што е доказ , што не е доказ. Па ги проценуваат. Па, спрема тие докази даваат решенија , а одеднаш кога ќе ги прашаат , зошто го правите тоа, влегуваат во надлежностите. Патем, има и дел од тоа навлегување во надлежноста на судот. Значи работат работа што не е нивна“, кажа Сашо Панговски - претседател на Здружението „Наши“.