Здробени две возила кај Алумина во Скопје (фото)

Тешка сообраќајка се случи утрово во 9 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Алумина.

Во несреќата учествувале два автомобила – „сузуки свифт“ и „опел астра“, а повредени се две лица.

Според очевидци на настанот, двете возила се движеле од Центар кон Ѓорче Петров, а „сузукито“ со голема брзина удрило во браникот на „опел астрата“. На улицата се забележуваат долги траги од кочење, што укажува на тоа дека автомобилот се движел со голема брзина.

Повеќе информации и фотографии погледнете на ТЕЛЕГРАФ.МК