Здрава верзија на чоколадната торта со кокос

Чоколадна торта со кокос, која неодоливо потсетува на вкусот на „баунти“, но состојките од кои е подготвена се здрави и идеални за секој кој внимава на исхраната. 

Состојки (чашата е од 200 милилитри): 

Една чаша овесни снегулки
Пола чаша кокосово брашно
Третина чаша какао
Лажичка пециво
Две лажици мелено ленено семе
Пола чаша рендано темно чоколадо
Пола чаша јогурт
Три јајца
Третина чаша јаворов сируп
Лажица ванилин шеќер

За филот ќе ви треба:

170 гр крем сирење
Две чаши јогурт
3 лажици јаворов сируп
Малку мед

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте го со масло калапот за торта. 

Измешајте ги прво сувите состојки во блендер, па додавајте ги останатите, без некој особен ред, па измешајте со миксер или со лажица. 

Тестото ставете го во сад за печење и печете околу половина час. 

Кремот подгответе го со матење на состојките. Откако тестото ќе се излади, прелијте со кремот и ставете го фрижидер неколку часа.