Здрав напиток со ѓумбир против настинки и грип

Ѓумбирот е една од најздравите состојки. 

Тој има специфичен вкус кој совршено со поклопува со солените и слатките јадења, а нуди и многу здравствени бенефити. Потекнува од југоисточна Азија, а неговите лековити својства се познати со години наназад. 

Ѓумбирот е богат со корисни состојки кои можат да помогнат против воспаленија, мачнини, а дури и за намалување на болката на чувствителните, болни места. Тој го подобрува варењето, ги намалува мачнините и ги спречува главоболките. Гингеролот, кој е негова активна состојка содржи антивоспалителни и антиоксидативни својства кои го намалуваат оскидативниот стрес во телото.

Како и чајот од ѓумбир, овој напиток содржи вода и ѓумбир, а во него можете да додадете и лажица мед за да го неутрализирате специфичниот вкус на ѓумбирот.

Потребни состојки:

1 лажица изрендан свеж ѓумбир

4 шолји вода

Сварете ја водата во големо тенџере, а кога водата ќе почне да врие додајте го изренданиот ѓумбир. Потоа тргнете од оган и оставете да отстои околу 5-10 минути. Процедете го чајот и пијте го млак, а можете и да го чувате во фрижидер и да го пиете студен. Ако сакате, во него можете да додадете мед и/или лимон.