Заврши турнирот од проектот за училишен фудбал

Завршницата од втората сезона од проектот „Фудбал сега, фудбал насекаде“, проект наменет за ученици од основните училишта ширум државата, ќе се одржи денеска на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Во ракмите на втората сезона, која е во организација на ФФМ, а во соработка со Федерацијата на училишен спорт, ќе се одржат континуирани активности за ученици од второ до петто одделение од 21 град со учество на 80 основни училишта.

Отворањето на турнирот е планирано за 09:30 часот, а натпреварите ќе почнат во 10:00 часот, во кои очекуваме повеќе од 600 ученици, наведуваат организаторите.