Завршена реконструкцијата на улицата „Димитар Пандилов“ во населбата Долно Водно

Општина Центар ја заврши реконструкцијата на улицата „Димитар Пандилов“ во населбата Долно Водно. Станува збор за еден од капиталните проекти од развојната програма на општината кој беше најавен минатата година во септември, кога после цели 20 години започна обновата на оваа улица.

Во рамките на проектот, обновени се 2.850м2 коловоз, поставени се нови ивичници во должина од 897м2 и тротоари со површина од 1.485м2. Освен површинската реконструкција, на улицата е изградена нова атмосферска канализација во должина од 512м, нова фекална канализација во должина од 509м и нова водоводна канализација во должина 535 м.

Застарената водоводна мрежа и цевките се комплетно заменети со нови, полиетиленски, со што значително ќе се подобри квалитетот на водата за пиење на жителите од овој дел од Центар.Дополнителна придобивка од новата водоводна мрежа е што ќе се реши проблемот со атмосферските води,со кој долги години се соочуваа жителите на оваа улица.

Во насока на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, но и зголемување на безбедноста,  Општина Центар паралелно работи и на завршување со реконструкција на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во делот кон населбата Аеродром, а во моментов во општината течати постапките за набавка за отпочнување реконструкција на улична инфраструктура на улиците „Караорман“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Мирче Оровчанец“ и„Петричка“, како и за целосна реконструкција на паркингот кај „Палома Бјанка“.

nike air max 1 sale