Завршен граѓанскиот дијалог во Општина Гази Баба - ќе се реализираат барањата на граѓаните

Со синоќешната средба со граѓаните во Брњарци, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го заврши граѓанскиот дијалог, во чии рамки остваруваше средби со граѓани во урбани и месни заедници во Општината. 

-Имав одлична можност да се сретнам со жителите на Брњарци во дворот на Црквата Св. Петар и Павле. Разговаравме со граѓаните и заедно ги утврдивме приоритетите на ова населено место за следната година. Со оваа средба се завршува граѓанскиот дијалог во рамки на кој остваривме средби со граѓани во 25 урбани и месни заедници. Ги слушнавме предлозите на граѓаните и најголем дел од нив идната година ќе добијат своја реализација. Пулсот на народот е тој што го усмерува патот на нашата работа - потенцираше Стефковски.