Затворски службеник во „Идризово“ натепан од осуденик

Затворски службеник во КПУ Затвор Идризово вчера бил физички нападнат од осуденик во полуотвореното одделение.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера околу 10:45 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека полуотворено одделение во установата затворски службеник додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од осуденикот Т.П.(35) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.