
Ноќеска во 01:47 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово Скопје било пријавено дека претходно околу 19:15 часот во установата бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу осудениците К.Д. и Б.М..
Како што се наведува во полицискиот билтен, при инцидентот Б.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.