Затвореник силуван во Штипскиот затвор - завршил во болница

На 30.06.2026 во 11:32 часот во СВР Штип од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено поправната установа Затвор Штип бил донесен 39 годишен осуденик од кавадаречко. 

Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, во установата 59-годишен осуденик од струмичко извршил обљуба врз оштетениот.

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.