
Кај затвореник во КПУ Затвор Идризово кој се вратил од отсуство била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 19:50 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 10:50 часот, при влез во установата, бил извршен претрес врз осуденикот Т.С.(50) од Скопје, кој се вратил од отсуство и кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.