
Велешанец избегал од затворот каде „лежел“ казна, а по само неполни два часа бил уапсен и вратен назад.
- На 11.02.2026 во 14:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода М.З.(33) од Велес, по претходна пријава дека во 12:40 часот побегнал од Казнено - поправната установа Затвор Идризово - Отворено одделение Велес, каде што издржувал казна затвор, информираа од МВР.
Тој бил спроведен во установата за доиздржување на казната.