
Управата за извршување на санкции денеска информираше дека работниот ангажман на осудените лица во КПУ Затвор Струмица значително се проширува, надградува и унапредува.
Како што посочија од таму во објава на социјалните мрежи, покрај занаетчиските, механичарските и земјоделските активности, како и работата на свињарската и сточарската фарма, започнале и со развој на живинарска фарма.
„За почеток, обезбедивме 50 садни кокошки, со што се создаваат нови можности за работа, стекнување вештини и ресоцијализација на осудените лица“, нагласија од Управата.