Затвор за мајка која си ги продавала децата и екс-полицаецот кој плаќал за нив

Мајката Налиље А. која си ја продаваше малолетната ќерка, и експолицаецот Александар Костовски, кој ги силувал девојчето и брат ѝ, признаа вина. Судијката Софче Гаврилова-Ефремова ги огласи за виновни и им изрече казни. Мајката доби затворска казна од 15 години, а експолицаецот 18 години. И двајцата остануваат во притвор сѐ до правосилноста на пресудата. Двајцата беа гонети за трговија со дете, а експолицаецот дополнително е осуден и за кривичното дело силување.

„Александар Костовски е виновен за крквичните дела за кои се товареше - трговија со дете и силување. Осудата на судот е следна - го прифативме признанието на вина, кажавме дека тоа се цени и прифаќа. По извршеното испитување, прифативме дека тоа е дадено доброволно и при потполна свесност. Предудата се должи врз основа на признание на вина. За трговија со дете, каде што минимум е 12 години, судот утврдува 15 години затвор. За силување, каде што е придведена од една до 10 години, се досудува единствена казна четири години. Се изрекува единствена казна од 18 години, каде што се засметува и времето поминато во притвор. Пред јавеното имотно-правно барање, ќе биде усвоено во целост“, изјави судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Судијката додаде: „Во однос на висината сметам дека се согласуваме сите дека поради сериозноста на кривичното дело, повредата, максималната казна е 20 години, овде имаме 18 поради признанието на вина“.

Малолетното девојче било малтретирано и од двајцата родители. Мајката Налиље избегала од дома и ја повела ќерката. Таа пред судот призна дека ја запознала ќерка си со поранешниот полицаец, па употребувајќи физичка сила, ја носела во неговата куќа и за паричен надомест од 2.000 денари, а понекогаш и за 500 денари, му овозможила да врши полови дејства со малолетничката. Поранешниот полицаец користел сексуални услуги од дете што не наполнило 14 години.

Александар Костовски во моментот кога ги силувал девојчето и момчето не бил дел од МВР. Тој пред судот призна дека три години во својата куќа, која сега е продадена, користел сексуални услуги од девојчето. Тој во текот на декември 2018 година, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот, извршил и друго полово дејство врз малолетниот брат на девојчето.

Пресудата ќе биде обжалена од обвинителката Наташа Поп-Трајкова, која го поднесе обвинителиот акт и него го признаа обвинетите.