Заштитете се себеси: Три ситуации во кои е неопходно да ги игнорирате другите луѓе

Односите со другите луѓе често ни носат среќа и задоволство, но често се и извор на тага и разочарување. Од таа причина, за да го пронајдеме клучот за среќата, мораме да научиме да игнорираме одредени зборови, ставови и однесување на другите луѓе.

Дополнително, постојат случаеви кога игнорирањето е клуч за нашето ментално здравје, затоа што нашиот однос кон она што се случува нѐ спречува да тргнеме напред и да го оствариме нашиот целосен потенцијал. Спознанието дека и ние самите понекогаш имаме отровни односи е првиот чекор кон ослободување од замката во која и самите паѓаме. 

Игнорирањето е уметност, не е форма на одмазда и не е начин да создадете комплекси кај некого, туку метод за заштита на сопственото битие.

Ова се три ситуации кога морате да ги игнорирате другите:

Деструктивна критика

Ако критиката не ви помага, туку само ве фрла во очај, тогаш треба да ја игнорирате. Не им дозволувајте на другите да ве судат. Не дозволувајте нивната критика да ве повреди: ЗАШТИТЕТЕ СЕ СЕБЕСИ!

Негативни постапки

Ако некоја личност постојано ви прави лоши работи, не дозволувајте нејзиното однесување да влијае на вашиот ум, затоа што тоа ќе значи дека таа ја постигнала својата цел. Запомнете дека можете да навредите некој кој ќе ви го дозволи тоа. Ако забележите дека некој се однесува лошо кон вас, едноставно завртете се и заминете си.

Манипулација

Постојат луѓе кои се навикнати да ја контролираат околината со помош на емотивна манипулација. Бидете свесни за тие луѓе, избегнувајте да бидете во нивна близина. Ако научите дека ги игноррирате нивните зборови, бидете сигурни дека сте научиле да живеете живот без стрес.

Создадете заштитни механизми

Навикнати сме на тоа да се нервираме поради туѓото однесување. Таквата реакција е сосема нормална. Проблемот настанува кога таквата реакција трае долго и почнува да влијае на вашето здравје. За да научиме да ги игнорираме отровните луѓе, потребно е да изградиме штит за нашата душа.