Засега нема потреба од построги рестрикции, смета министерот за здравство

Во своето гостување во „Утрински брифинг“ министерот Венко Филипче изјави дека според него, нема потреба од воведување на нови рестрикции, но дека сепак одлуката за тоа ќе ја донесе Комисијата за заразни болести. 

Тој нагласува дека сега епидемиолошката состојба е доста мирна и стабилна. 

– Ќе почекаме да видиме каков став ќе имаат членовите на Комисијата за заразни болести, но јас лично сметам дека ситуацијата е прилично мирна нема знак дека може да има влошување. Не само по бројот на позитивни случаи туку и бројот на прегледи како и по приемите во болниците. На Инфективната  клиника не се јавуваат пацинети за преглед што значи дека нема наплив, ја следиме ситуацијат и во регионот и земјите каде летуваат нашите граѓани. Сметама дека летово не требе да се вовдеуваат никакви рестрикции како за влез и излез од земјава или забрана за настани и собири - вели Филипче во Утрински Брифинг.