Засадени високостеблести јасени во новиот парк во Горно Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска информираше дека зелената офанзива во општината и понатаму продолжува.

„Засадени високостеблести јасени во новиот парк во Горно Лисиче! Со нив создаваме зелена оаза и простор за игра, дружба и одмор за сите генерации“, напиша Митески во својата Фејсбук објава.

Тој додава дека дрвјата се нов почеток и симбол на нивната посветеност да имаат што повеќе зелени површини во Аеродром, затоа што секое дрво значи почист воздух и подобро секојдневие за секоја урбана општина.