Засадени повеќе од 50 високо растечки декоративни дрвца во образовно-спортската зона Илинден-Марино

Во рамки на континуираниот проект „Зелена Општина Илинден“ денеска се засадени повеќе од 50 високо растечки декоративни дрвца од повеќе видови, во образовно-спортската зона Илинден-Марино, информираше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. 

-Стратешка цел и заложба за Општина Илинден и мене како градоначалник е грижата за екологијата и здравата животна средина. Акцијата ја реализираме во соработка со општествено одговорни компании, а во следниот период ќе засадиме повеќе од 200 разни садници. Пошумувањето е природно добро од општ интерес и обврска е на секој од нас активно да работи во подобрување на еколошката свест, со тоа ќе придонесеме да имаме чист воздух и здрава животна средина. За потсетување, изминативе денови акции за пошумување беа спроведени и до Миладиновци, каде во голема акција беа засадени околу 27.000 садници на простор од 10 хектари, како и во Ајватовци каде засадивме 2000 садници од видот даб, чемпрес и багрем - истакна Георгиевски.