Зар некој може да те замени? 13 години без Тоше Проески

Тоа кобно врнежливо утро, слично како овие деновиве не разбуди кобната вест во трагична сообраќајна незгода кај Нова Градишка загинал Тоше Проески. Една од најголемите македонски музички ѕвезди на утрешен ден во 2007 година трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на само 26 години. Тоше зад себе остави големо музичко наследство, кое и денес како во Македонија, така и низ целот Балкан редовно се слуша.

https://adsdms.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=33&loc=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fzar-nekoj-mozhe-da-te-zameni-12-godini-bez-toshe%2F&referer=https%3A%2F%2Fwww.google.com%2F&cb=c21aad42baЖивотот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажа уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде што испеа песна на влашки јазик.

Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски и хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007 година.

Игор Џамбазов за Тоше

Тажна беседа на Игор Џамбазов за #ТошеПроески: Плачевме многу, плачеме сеуште (има и за кого да плачеме). Сигурен сум дека и ти плачеш во овој момент и сакаш да си барем две минути со нас.

Posted by Skopjeinfo.mk on Friday, October 16, 2015