Запознајте ги 15-те успешни и влијателни жени во македонскиот бизнис (фото)

Капитал по втор пат објавува листа на најуспешни и највлијателни жени во македонскиот бизнис. На годинешната листа  на Капитал се најдоа 15 жени кои се на високи менаџерски позиции или членови во управни одбори на компании, банки, фабрики, маркетинг компании, жени кои основале свој приватен бизнис и успешно го развиваат надвор од границите на државата. Сигурно во Македонија има многу повеќе жени со импресивни приказни за успех во бизнисот, жени кои носат одлуки и имаат моќ да ги менуваат работите на македонската бизнис сцена.

Маја Стевкова – Штериева
главен финансов директор и член на УО на Комерцијална банка

Јованка Јолеска – Поповска
генерален директор и член на УО на ПроКредит банка

Милкица Глигорова
член на Управен одбор и директор на производство на Фармација во Алкалоид Скопје

Бранка Павловиќ
претседател на Управен одбор на Охридска банка Сосиете Женерал

Драгана Чифлиганец
извршен директор на  градежна компанија „Адора Инженеринг“

Продолжува на наредната страна........

Венера Новаковска
основач и директор на меѓународно училиште „НОВА“

Анита Спасовска
генерален менаџер на млекарница „Бучен Козјак“

Александра Дилевска
извршен директор на комуникациска агенција „Публицис“

Ирена Јакимовска
ко – сопственик и директор на текстилна компанија „Комфи Ангел“

Елена Пандева 
сопственик на модна куќа “Елена Лука“ и градежна компанија “Елена Лука Хоум“

Сања Танчевска
извршен директор на Триглав осигурување

Искра Ветаџокоска –  Муцунска
менаџер и ко-сопственик на прехранбена компанија „Виталиа“

Продолжува на наредната страна.........

Марта Наумовска – Грнарова
менаџер на Завар компани

Вилма Учета – Дузлевска
главен извршен директор на  Кроациа Осигурување – Живот

Марија Томеска
извршен директор и претседател на Управен одбор на Еуролинк Осигурување