Запомнете ја оваа кратка песна, рецитирајте ја и ќе почувствувате мир и среќа

Арнолд Котлер во книгата „Мир на секој чекор“ вели: „Сосема е доволно човек да живее трезвено, умно и да ужива на секој чекор и со секој земен здив.“

„Мирот е присутен на секој чекор и ако тргнеме по тој пат, од секој наш чекор ќе процветуваат цвеќиња. Освен тоа, цвеќињата ќе ни се насмевнуваат и секое утро ќе ни велат: „Добро утро!“.

Оваа песна нека биде ваша лична мотивација во текот на денот, да почувствувате мир баш на секој чекор и во секоја ситуација.

Одам по патот на мирот
Сјајното црвено сонце е моето срце.
Секој цвет се насмевнува со мене,
Колку е зелено, колку е свежо сѐ што расте.
Колку е пријатен свежиот ветар кој дува.
Одам по патот на мирот,
поради него, бескрајниот пат станува радост.