Започнувајте го секој ден на овој начин и гледајте како ви се менува животот

Лујза Хеј, познатата писателка на мотивациони книги за самопомош, тврди дека самите сме одговорни за реалноста околу нас. Работите зависат од нас, а не од околностите околу нас. Со силата на умот можеме да го промениме она што ни пречи и да создадеме свет каков што мислиме дека заслужуваме.

Она што ни се случува е резултат на нашите мисли, чувства и перцепции. Универзумот буквално ги сфаќа нашите вибрации. Па така, ако мислиме позитивно, неминовно е дека ќе следат такви работи, но и обратно. 

Кога нашите мисли се мирни, ведри и сталожени, се чувствуваме здраво, поспособни сме, стануваме подобра верзија на себеси. Ако мислите ни се негативни, се чувствуваме лошо, а тоа се одразува и на нашето ментално, но и на нашето физичко здравје.

Лујза Хеј создала мал ритуал кој води кон посреќен и поспокоен живот. Секое утро, откако ќе станете, застанете пред огледалото и кажете на глас: Животот те сака. Изговорете го тоа и верувајте во оваа реченица.

Повторете го тоа неколку пати и заблагодарете му се на животот за работите и луѓето што ги имате, за она што ве прави среќни и за она за кое сте благодарни. Тоа можат да бидат и пријателите, семејството, но и нешто материјално. Добро размислете за она што ве прави среќни и заблагодарете му се на Универзумот! 

Можеби ќе ви делува чудно на прв поглед, но доколку почнете да го практикувате овој ритуал, ќе забележите како животот ви се менува на подобро, и како си ја сфаќате вашата вредност и како убавата енергија влегува во вашиот живот.

Почнете уште денес да создавате живот за кој отсекогаш сте сонувале!