Започнуваат виртуелни трки на Водно

Во очекување на олеснување на мерките предизвикани од актуелната пандемија и дозвола за организирање на редовните спортски настани, започнуваат виртуелни трки, Виртуелен Прв до врв и Virtual Spring Run.

Виртуелен Прв до врв е натпревар идентичен на редовниот натан, по истите патеки на Водно и истите дисциплини во трчање, планински и друмски велосипедизам, со единствена разлика што секој учесник индивидуално ја одржува својата спортска активност во согласност со пропишаните мерки за физичка дистанца, а оствареното време влегува во заедничкото рангирање со останатите учесници. Овој виртуелен настан ќе трае од 1-ви до 31-ви мај, по што ќе бидат прогласени победниците кои оствариле најдобри времиња.

Virtual Spring Run е пролетна лига во трчање која ќе се одржува седум недели (кола) почнувајќи од 4 мај, па до 21 јуни. Учесниците ги имаат на располагање дисциплините на 5000 метри, 10000 метри и полумаратон. Остварениот резултат и рангирање носи соодветен број на бодови, чиј збир на крајот од лигата ќе ги победниците, поточно оние кои освоиле најголен број бодови. Секоја дисциплина се рангира посебно. И тука, секој учесник ја реалзира својата спортска активност индивидуално и со почитување на пропишаните мерки за избегнување на групирање.

Мерењето на времето е со користење на бесплатната апликација Strava, чии податоци автоматски се преземаат од платформата на Прв до врв. Секој учесник може да оствари повеќе активности во секоја од дисциплините, во било кое време во деновите додека траат настаните, а најдобриот резултат ќе биде земен предвид при рангирањето.

Пријавувањето за трките е преку веб страницата www.prvdovrv.mk.

Најдобрите во трките ќе бидат наградени на традиционален начин, со златен, сребрен и бронзен медал.Трките се во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.