Започнете да го живеете животот за кој отсекогаш сте сонувале

Секогаш сум била личност која се извинува за сѐ. Се извинувам кога келнерот ќе му донесе погрешна пијачка. Се извинувам кога некој ќе се удри во мене. Се извинувам секогаш и кога ненамерно ќе направам нешто погрешно. Но, најлошо од сѐ е тоа што се извинувам кога ќе направам нешто за себеси. И секогаш се чувствувам лошо поради тоа. Иако сепак сум направила нешто, нешто за кое вреди да се живее. 

Не би требало да се извинувам за работите кои ги правам, а кои ме прават среќна. Не би требало да се извинувам ако одбијам некого и не сакам да танцувам со него. Не треба да се извинувам ако моето постоење им пречи на плановите на другите. Не би требало да се извинувам за тоа што не сум секогаш најрасположена. Не би требала да се извинувам кога ќе кажам „Не“ или „Да“. Не би требало да се извинувам кога кажувам како се чувствувам. Не би требало да го правите тоа ни вие. 

На крајот на краиштата, сите би требало да го правиме она што е најдобро за нас. Без оглед на погледите или озборувањата. На крајот на работниот ден, сите би требало да го правиме она што нѐ радува. Мораме да престанеме да се извинуваме затоа што сме такви какви што сме – свои. 

И затоа, прекинете да се извинувате за секоја работа. Барем за момент престанете да се сомневате во себеси. Вредите многу повеќе отколку што мислите. Вие сте многу попосебни отколку што мислите дека сте. Затоа, одважете се и започнете да ги правите работите кои отсекогаш сте сакале да ги правите. Она што секогаш сте сонувале да го правите. Ајде, почнете да го живеете животот за кој секогаш сте сонувале. Ако треба преселете се и на другиот крај на планетата. Заљубете се во луѓе кои воопшто не се „ваш тип“. Правете нешто наместо цело време да седите и да трошите време на скролање по социјалните мрежи. Откријте ги работите го прават да блескате. И правете го тоа без извинувања.

Не живејте живот кој им припаѓа на другите. Ова е вашиот пат. Вие самите сте дошле на овој свет и сами ќе го напуштите. Вие се познавате подобро отколку кој било друг. И затоа, направете да бидете горди на себеси! Направете си услуга. Бидете добри кон себеси, кон своите желби и потреби. И живејте го животот за којшто сте создадени. Без двоумење. Без изговори. Не се двоумете и не застанувајте кога другите ги исмеваат вашите соништа. Не се откажувајте кога ве гледаат чудно. Живејте го вашиот живот, најдобро што можете. Гледајте како се остваруваат работите кои никогаш не сте мислеле дека можат да се остварат. Гледајте како летате високо, сѐ повеќе и повеќе. 

И никогаш повеќе немојте да се извинувате за тоа што го правите она што е најдобро за вас.