Започна реконструкцијата на улицата улицата Тодор Александров кон Водно

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска го најави отпочнувањето на проектот за реконструкција на улицата ул. Тодор Александров која води кон Водно, каде едновремено се реконструира и системот за одводнување.

- Градот Скопје отпочнува со градежни работи на улицата ул. Тодор Александров која води кон Водно. Ова улица е во исклучително лоша состојба и како една од најфреквентните улици за жителите кои се движат кон врвот на Водно, барањето за нејзина реконструкција е истакната како децениски проблем за сите кои редовно транзитираат по оваа сообраќајница. Воедно барање за реконструкција истакнаа и голем број велосипедисти со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за учесниците во сообраќајот при движење по коловозот. Улицата Тодор Александров целосно се реконструира на површина од 18.580 м2 на должина од 2820 метри, а воедно целосно се реконструира системот за одводнување, вклучително и нивелирање на шахти и сливници, изјави градоначалничката Арсовска на денешната прес конференција за медиумите.

-Градежните зафати на овој проект за реконструкција на улицата Тодор Александров ги изведува Јавното претпријатие Улици и патишта, а едновремено Јавното претпријатие Паркови и зеленила отпочнува со акција за зазеленување со нови садници, реконструкција на видиковци и еко урбана опрема на потегот кон Средно Водно.