Започна реконструкција на булеварот на Бит Пазар

Од денес почнаа работите за реконструкција и уредување на булеварот во Бит Пазар. 

Во овој дел предвидено е да изгради такси станица, патека за минувачи, зелена површина и станица каде ќе можат да застанат автобусите со туристи кои ќе ја посетуваат Старата скопска чаршија.

Пазарџиите во знак на протест денеска втор ден по ред го блокираа булеварот Крсте Мисирков, како реакција на одлуката на општина Чаир и Градот Скопје да ги дислоцираат трговците со цвеќиња зад поликлиниката „Бит-пазар“.