Започна првата фаза од проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар

По вчерашната најава на Арсовска на проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар, денес започна првата фаза од неговата реализација.  

Во текот на вчерашниот ден преку прес конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов и директорот на ЈП Паркови и зеленило Ангеле Сотировски го најавија проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар.

Проектот е предвиден да се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, пешачки, вело патеки и нова урбана опрема. 

По вчерашната најава, денеска започна првата фаза за реализација на овој проект односно оваа фаза се однесува на потегот од мостот „Мајка Тереза“ до ПИОМ. Дофека предвидено е втората фаза го се однесува до паркот на езерата во Аеродром и третата, до мостот „Тодор Александров“ во општина Аеродром.

„Овој проект е  дел од најавената летна градежна офанзива, која се одвива според предвидениот интензитет, за разлика од импровизациите и ветувањата за реализација во минатото кои за жал резултирале само со делумно чистење само во некои делови на кејот. Пристапот на новиот тим на градското раководство е поинаков, мораме да имаме сериозна анализа, стабилен и оддржлив проект, ревносна подготовка, обезбедени финансиски средства и јасен план за брза и ефикасна имплементација“, вели Арсовска.