Општина Бутел денес започна со целосна санација и реконструкција на краците на улица Радишанска во должина од над 500 метри и површина од 1461. Оваа улица ќе добие нов лик најави градоначалникот Дарко Костовски
„Градежната офанзива се одвива со силна динамика. Продолжуваме во останатите населени места кои што се опфатени со големата градежна офанзива. Асфалтираме и реконструираме 70 улици и вложуваме 150 милиони денари. Еднаков и рамномерен развој на сите населени места“, напиша Костовски.