Започна асфалтирањето на крак од улицата „Петар Манџуков“ во Бутел

Започна асфалтирањето на крак од улицата „Петар Манџуков“ на клучна сообраќајница во Бутел.

- Нема запирање кога се работи за доброто и потребите на граѓаните на општина Бутел. Денес започнуваме со асфалтирање на крак на улица “Петар Манџуков”, односно улицата која ги опфаќа сервисите и една од најфрекфентните улици која е поврзување со главната улица “Бутелска”, информираше градоначалникот на Бутел Дарко Костовски. 

Улицата е со површина од 1000 метри квадратни и должина од 115 метри, а е направена и целосна реконструкција на дел од тротоарите. Поставена е и атмосферска канализација со што се решава проблемот со водата.

- Повеќе децении оваа значајна сообраќајница воопшто не е реконструирана, што е евидентно од состојбата во која се наоѓаше.  Граѓаните се оние кои ни ја дадоа довербата која планирам во целост да ја оправдам и да работам во нивен интерес. Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел. Градежната офанзива е со силна динамика! - дециден е првиот човек на општината.