Заморот, иницијатор на голем број болести

Хроничниот замор, може да предизвика проблеми на организмот а некогаш и болести кои се директен резултат и кои произлегуваат од малиот одмор кое телото го има во текот на активниот ден.

Научниците од Универзитетот во Пенсилванија, задолжени за ендокринологија, дијабетес и метаболизам, објаснуваат дека заморот различно се манифестира кај секого и секој човек различно го дефинира. Според нив, заморот е тешко да се дефинира и измери бидејќи одредена индивидуа таа состојба ја опишува како да е ненаспан, друг дека неможе да вежба или да има физичка активност а трети пак дека немаат веќе сила да ги издржат сите активности или предвидени обврски во текот на денот.

Покрај физичкиот замор, научниците разликуваат и емотивен и психолошки умор. - Луѓето често го подценуваат психолошкиот стрес и ниското ниво на енергија, но кога стресот ќе помине се свестуваат колку тоа ги исцрпува – вели Ане Капола од Универзитетот во Пенсилванија.

Нејасни мисли и болки, симптоми на хроничен замор

Ако секоја дневна обврска или желба, од самото станување преку одењето на работа и исполнувањето на работните обврски па до вежбањето во попладневните часови станува напорна и неиздржлива, тогаш најверојатно се работи за хроничен замор. Луѓето кои се подлежни на хроничен замор ги мачат нејасни мисли, неконцизни реченици како и некој вид на болка, кои се всушност вообичаени симптоми за хроничниот замор.

Главоболка со вртоглавица заради замор

Ако често чуствувате замор иако доволно спиете, ви недостасува енергија за секојдневни активности и чувствувате чести промени на расположението, голема е можноста да имате анемија. Анемијата е состојба во која крвта нема доволни здрави црвени крвни зрнца. Постојат голем број на видови на анемија но заморот е симптом за сите видови на анемија. Покрај заморот, други симптоми на анемијата се бледо лице, меки и кршливи нокти, срце биење, вртоглавица и главоболка.

Дехидратација и често мокрење

Покрај намаленото чувство на жед и намалената желба за извршување на дневните активности, заморот е често еден од првите симптоми на дијабетесот. Заморот може да предизвика и дехидрирање на организмот поради зачестеното мокрењето и неспособноста на телото да функционира правилно бидејќи помалку може да ги користи шеќерите за енергија. Во тој случај телото се бори да направи баланс со нивото на глукоза во крвта а тоа може да предизвика исцрпеност.

Не го прескокнувајте доручекот и намалете со брзата храна

Промената на исхраната и на животните навики и намалувањето на употребата на лековите во голема мера ќе го подобри вашето здравје и ќе го отстрани заморот. Храната е двигател на телото и поради тоа е значајно да во никој случај не се прескокнува доручекот и да се избегнува брзата храна која влијаае доста лошо на расположението и на самото однесување на човекот. Концентрирајте се на конзумирање на поголемо количество на овошје и продукти кои се богати со протеини.

Депресија

Депресијата се класифицира како мозочно пореметување која е пропратена со лошо однесување и замор кој оневозможува било каква активност ниту пак желба за било што. Депресијата се манифестира на различни а заморот во комбинација со депресија може да ги онеспособи луѓето до таа мера да не излегуваат од својот дом и целосно да ги избегнуваат дневните обврски.

Ендокардитис

Ендокардитисот претставува инфекција односно воспаление на срцевиот мускул кој настанува заради присуство на бактерии во крвта кои се поврзуваат со внатрешните делови на срцето. Луѓето кои имаат оштетено срце или имаат вродена срцева мана се изложени на најголем ризик од проблем со заморот.

Апнеја

Поради отежнато дишење или поради блокирани дишни патишта, заморот се манифестира со плитко дишење или пак со отежнато вдишување во текот на спиењето. Тие прекини можат да траат и до една минута и имаат тенденција да завршат со закашлување или подолготрајно кашлање. Иако оваа појава не е опасна за живот, сепак придонесува за неубаво спиење а со самото тоа и проблем со заморот во текот на активниот ден. Рчењето на луѓето е еден од симптомите на апнеја. Во овој случај станува збор за болест која може да ја открие само вашиот партнер.