Замислата за паркот „Ибни Пајко“ беше поинаква, денес е место за паркинг и смет, а ги нема ни нотните линии

Паркот „Ибни Пајко“ и натаму се користи како паркинг во центарот на Скопје. За ова реагираше и една скопјанка. 

- Паркот „Ибни Пајко" којшто се наоѓа помеѓу 5 уметнички институции, беше замислен и направен за да биде мирно место, со затворена шетачка улица, клупи, дрвја, трева, место за одмор, за прошетка, за културни настани на отворено... Сега улицата е полна со автомобили коишто се тркаат, буквално, освен што се паркираат, особено навечер е хаос, многу ѓубре, клупите се искршени, кантите се искршени, а нотните линии како симбол за музичките објекти коишто ја красеа улицата, не постојат, сподели оваа житечка на Скопје. 

Ги прозва Град Скопје да најадат решение за оваа грда слика и проблем за овој дел од главниот град.