Залутано зрно завршило во куќа на скопјанец

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 15.40 часот во СВР Скопје, С.Б.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Драчево од залутано зрно му е оштетено стакло во неговиот дом.

Повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.