Залудно ли е зголемен минималецот - Инфлацијата ги јаде примањата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Инфлацијата ги јаде примањата, владата не презема ништо, основните продукти и горивата се зголемени и за 70%, а лебот за 110%, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Оттаму велат дека има раст на цените во малопродажба и кај основните намирници како брашно, млеко и леб.

-Зголемените цени силно удираат по стандардот на граѓаните. Еден од најголемите удари по џебот на народот е зголемувањето на цената на струјата за 30%. Што е последица на лошото менаџирање со енергетските ресурси на државата. Во сред енергетска криза увозот на струја по берзански цени изнесуваше и до 50%, затоа што владата ги испразни хидроакумулациите и не копаше јаглен кога требаше, па домашното производство беше на минимум, и се се покриваше со скап увоз, велат од партијата. 

Од владејачката СДСМ, пак, деновиве ја нагласуваат поддршката за пензионерите и во време на криза.

-СДСМ обезбедува рекордно зголемување на пензиите, како и дополнителна помош од 3.000 денари за секој пензионер, велат од СДСМ. 

Минималната плата за месец март ќе биде 18.000 денари, но останува да видиме како се движат другите економски параметри, па така дали и самите работниците ќе ја почувствуваат покачената плата.