Заложници среде Центар: Од една страна се гради и копа, од друга се паркира

Центарот на градот се побрзо и се почесто станува потешко прооден дури и за пешаците, а ваков случај има и денеска кога кај Сквер Јадран непрописно паркирано возило и раскопана улица ги блокирало минувачите.

- Од една страна се гради, од друга страна копаат мењаат цевки, луѓе нема кај да поминат, треба да научиме да летаме, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

(Фото: ФБ група - Ѕид на сообраќајниот срам)