Заљуби се во некој кој со цело срце ќе се бори за тебе...

Заљуби се во некој кој те сака. Заљуби се во некој кој ќе биде со тебе, дури и ако сѐ е против вас. Заљуби се во некој кој игнорира критики. Кој никогаш не би дозволил да се грижиш за вашата заедничка иднина. Без оглед на одалеченоста, времето, промените, стресот, заљуби се во некој кој не се грижи за тоа. Заљуби се во некој кој ги поздравува предзивиците, затоа што знае дека нема ништо да ви застане на патот. 

Заљуби се во некој кој ќе трча низ бура само за да дојде до тебе. Во некој кому можеш да веруваш кога ќе каже „засекогаш“. Заљуби се во некој кој не верувал во судбина додека не те запознал тебе, заљуби се во некој кој не верувал во сродни души сѐ додека не те сретнал тебе. Заљуби се во некој кој е добар кон твојата мајка, кој не се плаши од твојот татко. Заљуби се во некој кој ќе ги почитува твоите најблиски затоа што знае колку ти значат. 

Заљуби се во некој кој никогаш не се откажува. Кој знае дека вие двајца имате нешто неверојатно. Во оној кој нема да дозволи да си одиш. Заљуби се во личност која сака со тебе да изгради дом. Кој сака да изгради семејство со тебе. Не губи време на некој кој ќе се сомнева дали има иднина со тебе. Кој само сака забава. Не губи време на некој кој сака авантура. 

Заљуби се во некој кој ќе го цени тоа што те има во својот живот, кој магијата на вашата љубов не ја зема здраво за готово, кој е благодарен што си со него. Некој кој секој ден ќе пронаоѓа нешто на тебе во кое ќе се заљуби. Заљуби се во некој кој дури и кога ќе се скара со тебе, нема да престане да те сака. Заљуби се во некој кој вас двајца ве гледа како тим. 

Заљуби се во некој кој никогаш нема да се откаже од тебе. Кој те чува, штити и внимава на тебе како никој досега. Заљуби се во некој кој со цело срце се бори за тебе и кој би поминал низ пеколот само за да биде со тебе.