Заљуби се во некој кој ќе ја сака твојата душа повеќе од твоето тело...

Заљуби се во некој кој безусловно ќе те сака. Кој ќе ги прифати твоите мани, недостатоци, несовршености. Заљуби се во оној кој ќе се бори за тебе и покрај тешкотиите и бурите во твојот живот. Во оној кој ќе ги разбира твоите лудости и твоето понекогаш непромислено однесување. Во оној кој ќе те смири кога ќе се чувствуваш вознемирена. Во оној кој со љубов ќе разговара со тебе и покрај големата кавга. 

Заљуби се во некој кој ќе го цени твојот труд, а кој ќе те води и ќе ти даде поддршка во остварување на твоите цели. Кој на крајот на денот ќе биде покрај тебе. Кој ќе вози со часови само за да ја види твојата насмевка. Заљуби се во оној кој секогаш ќе биде покрај тебе, без оглед на тоа што ќе се случи.

Заљуби се во некој кој со своите бакнежи ќе направи да се чувствуваш како најпосебната жена на светот. Кој ќе направи да почувствуваш ерупција од сензуалност. Кој ќе ти ја отпее најнежната песна само за полесно да заспиеш и наутро кога ќе отвориш очи ќе ја здогледаш неговата порака за добро утро. 

Заљуби се во некој кој ќе ти биде најдобар пријател и љубовник. Некој кој долго ќе разговара со тебе за сѐ и сешто. Заљуби се во некој кој прави да се смееш, со кого можеш да се забавуваш. Кој гордо и неуморно ќе те држи за рака пред сите.

Заљуби се во некој кој ќе ти прости. Некој кој ќе прави секој момент да биде прекрасен. Кој ќе ги одржува своите ветувања. Заљуби се во оној кој ќе те почитува тебе и твоите животни одлуки.

Заљуби се во оној кој ќе ја сака твојата душа повеќе од твоето тело. Кој ќе ги брише сите твои грижи, солзи и сомнежи. Во оној кој секогаш ќе те разбира и тебе и сите твои промени. 

Заљуби се во некој кој ќе те направи среќна, кој ќе те задоволува и оној кој секогаш позитивно ќе те изненадува.