Заљуби се во некој кој ќе ја сака твојата душа повеќе од твоето тело...

Заљуби се во некој кој ќе те сака безусловно, кој ќе ги прифати сите твои мани, недостатоци, несовршености и кој во тебе ќе создаде чувство дека тој е среќен што е со тебе. Заљуби се во оној кој ќе се бори за тебе, наспроти тешкотиите и бурите кои доаѓаат во животот. Во оној кој ќе ги разбере твоите лудости и понекогаш твоите непромислени однесувања. Во оној кој ќе те смири кога си вознемирена. Во оној кој со тебе ќе разговара со љубов, особено после кавга. Заљуби се во некој кој ќе го цени твојот труд, а кој ќе те води и ќе ти даде поддршка во остварување на твоите цели. Оној кој на крајот на денот ќе биде покрај тебе. Кој ќе вози со часови само за да ја види твојата насмевка. 

Заљуби се во оној кој секогаш ќе биде покрај тебе, без оглед на тоа што се случува. Заљуби се во некој кој со своите бакнежи ќе направи да се чувствуваш најпосебна жена на светот. Кој ќе направи да чувствуваш сензуалност. Оној кој ќе ти пее нежни песни пред да заспиеш и оној кој наутро ќе ти остава преубави пораки. Заљуби се во некој кој ќе ти биде истовремено и најдобар пријател и љубовник. Кој долго ќе разговара со тебе. Заљуби се во оној кој прави да се смееш и со кого можеш да се забавуваш. Оној кој гордо и неуморно ќе те држи за рака покажувајќи те на сите, кажувајќи дека е среќник што те има. 

Заљуби се во некој што ќе ти прости. Кој секој момент ќе го прави момент за памтење. Кој ќе ги одржува своите ветувања. Заљуби се во оној кој ќе те почитува тебе и твоите животни одлуки. Заљуби се во некој кој ќе ја сака твојата душа повеќе од твоето тело. Кој ќе ги брише твоите грижи, солзи и сомнежи. Кој секогаш ќе те разбира. Заљуби се во некој кој ќе те направи среќна, кој ќе те задоволува и секогаш позитивно ќе те изненадува.