Заљубете се во личност која ќе ве смири кога сте вознемирени и која нема да си замине така лесно

Заљубете се во некој кој ќе ве сака безусловно. Кој ќе ги прифати сите ваши маани, недостатоци, несовршености и кој во вас ќе разбуди чувство дека вредите, и тоа многу.

Заљубете се во личност која ќе ве сака безусловно, и покрај тешкотиите и неволјите кои ги носи животот. Личност која ќе ги разбере вашите лудости, ќе ги прифати вашите лоши денови, па и вашето непромислено однесување. Заљубете се во онаа личност која ќе ве смири кога се чувствувате вознемирено, онаа која ќе разговара со вас по лошата кавга, а нема да си замине.

Заљубете се во онаа личност која ќе го цени вашиот труд, а која ќе ви даде поддршка во остварувањето на соништата и целите. Таа е личноста која на крајот од денот ќе биде покрај вас. Која ќе вози со часови за да ја види вашата насмевка. Заљубете се во онаа личност која ќе биде тука што и да се случи.

Заљубете се во личноста која ќе направи да се чувствувате како најпрекрасната личност на светот. Која ќе биде и ваш пријател, но и најголема љубов.

Заљубете се во личност која простува, која дава поддршка и која не си заминува така лесно. Личност која ќе ве почитува и вам, но и вашите лоши одлуки.