Законот за новото породилно е преобемен, стравуваме од дупки при толкувањето, вели Ампева

Активистката за работнички права Кристина Ампева со коментар за законот кој предизвика бура од рекации во јавноста, а се однесува на промените на породилното отсуство. 

Ампева смета дека уште на прв поглед се гледа дека законот е преобемен од 275 члена и со некаде 15-20 члена само за овие отсуства (родителско, татковско, мајчинско).

-Наместо да имаме кратки и прецизни закони имаме долги и конфузни. За какво европско законодавство збориме со 275 члена закон? Европското законодавство е прецизно, а се останато се уредува во колективните договори! Нашиот страв се повторува дека пак се оставаат дупки во законот со нејаснотии за толкување кое ќе остави простор за манипулација. Но еве ако законот за експертите е збунувачки, како ќе го разберат работниците? - вели Ампева. 

Таа смета дека на прв поглед, повторно, не се заштитени бремените работнички кои имаат договори на определено. 

Ампева најави конкретни забелешки откако целосно ќе го разгледаат новиот предлог-закон заедно со правниот тим од нејзиното здружение „Гласен текстилец“, а во меѓувреме праша: 

-Се наметнува ли на приватниот сектор почитување на овие отсуства, како ќе спречиме намалување на плати и откази, или повторно поволности за вработените во јавен сектор?

-Во однос на исплата на отсуствата, се вели дека е согласно законот за социјално осигурување? Што значи тоа, колкав е процентот, колку ќе се исплаќаат тие отсуства, се подготвуваат ли и измени на тој закон, што значи тоа?

-Па да мислеа тие дека законот е добар, ССМ досега ќе се сликаа со дигнати раце во влада, а сега има тотален молк и не одговарале на повици од медиуми??? Зошто????

-И останатите “социјални партнери ” кои го носат законот ги нема! Зошто?????