Закон за личен банкрот - граѓаните масовно избираат живот на рати

Доаѓа време државата да почне да размислува за Закон за личен банкрот, сметаат дел од економските експерти, откако Народна банка на Македонија објави дека за една година задолжувањето на граѓаните се зголемило за 9,2 отсто, а наплатата на долгот оди тешко.

Економистите апелираат во вакви услови банките да бидат претпазливи при доделувањето на кредитите оти кога расте задолжувањето на граѓаните тоа значи дека нивните приходи  не им стигнуваат да ги трошат за целите за кои што ги планирале.

„Има ситуации кога луѓе не можат да ги вратат заемите, бидејќи такво нешто им треба, во смисла да се обидат да го преживеат овој чин и можеби да се соземат да враќаат во некој процентуален износ она што го земале. На запад ова е вообичаена работа, бидејќи  пропаста на еден должник е и мала пропаст на доверителот. Без личниот банкрот доверителот не може да наплати ни мал дел, а со прогласувањето личниот банкрот согласно со закон можеби ќе собере одреден процент за да наплати“, за 24 вести вели Павле Гацов, економски експерт.

cheap nike air max 90