Заканите за поставени бомби го отворија прашањето: Родителите бараат премин на он лајн настава

Неформалната група „Поддршка за он лајн настава“ попладнево до медиумите испратија соопштение во кое бараат итно воведување он лајн настава. Причината за барањето е секојдневните информавии за поставени бомби во основните и средните училишта во Скопје. 

„Како резултат на повеќемесечниот притисок врз учениците со низата дојави за поставени бомби во основните и средните училишта во Република Северна Македонија, бараме веднаш образовниот процес во Републик Македонија да продолжи со настава од далечина без исклучок“, се вели во соопштението. 

Тие велат дека повеќе месеци децата како и нивните фамилии се експонирани на постојан страв, стрес и паника кој секојдневно зема се поголем замав.

„За жал мораме да констатираме дека образовниот процес во Република Северна Македонија е прекинат повеќе месеци, со што директно им се одзема уставно загарантираното право на образование на децата. Свесни сме дека целава состојба ги засега сите граѓани во Република Северна Македонија, но ние мораме да ги заштитиме идните генерации и да изнајдеме оптимално решение а тоа во овој момент е само он лајн настава“,  додаваат тие во соопштението.